Печати

Наталитет – број/процентнародени деца од вкупното население

Морталитет – број/процент на умрени лица од вкупното население

Природен прираст - разлика помеѓу наталитет и морталитет

Природен прираст претставува разлика помеѓу наталитетот (број/процент на родени деца) и морталитетот (број/процент на починати лица). Доколку наталитетот е поголем од морталитетот имаме позитивен природен прираст. Во обратниот случај – негативен природен прираст.

На пример, во општина Дебарца вкупното население во 2008 било 4.941 и се намалило за 86 лица во однос на претходната година, затоа што бројот на умрени бил поголем од бројот на родени за 86 лица, што значи дека оваа општина има негативен природен прираст. Оваа бројка (86) не го опфаќа вкупното намалување на бројот на населението во општина Дебарца за таа година, затоа што во вкупната бројка би влегле и лицата кои се отселиле од општината, а кои овде не се прикажани. Во периодот 2008-2011 населението во Дебарца се намалило за 343 жители како резултат на постојаниот негативен прираст во овие години што претставува намалување од 7,3% во однос на вкупното население во оваа општина. Освен Дебарца, општини кои имаат најголем негативен природен прираст се Старо Нагоричане со -5,8% и Вранештица со -5,6%.

 

На другата крајност се општините кои имаат највисок позитивен природен прираст, односно најголема разлика помеѓу родени и умрени лица. Тоа се општините Студеничани (7%), Арачиново (5,8%) и Шуто Оризари (5,5%).