Печати

Рејтинг на корисник: 0 / 5

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

Имиграцијата и емиграцијата, односно доселувањето и отселувањето се појави кои имаат значајно влијание врз општествениот живот и планирањето на социјалните политики. Оние општини во кои има помали можности и перспективи имаат повисок број на граѓани кои се отселуваат, најчесто во поголемите градови во потрага по подобар живот.

Доколку се направи анализа на бројот на граѓани кои се отселиле во периодот 2007-2011 на ниво на општини, ќе се види дека процентот на граѓани кои се отселиле во однос на вкупното население во одредена општина е највисок во општина Дебарца, односно за овие 5 години процентот на отселени изнесува 9,9%. Во бројки тоа изнесува 472 отселени лица од 4.788 (просечен број на жители во анализираниот период). Зад неа се општините Охрид со 6,1% или 3.361 отселени лица од 54.794 (просечен број на жители) и Македонска Каменица, исто така со 6,1% или 485 отселени лица од 7.907 (просечен број жители).

 

Што се однесува до доселените лица во периодот 2007-2011, тука предводи општина Ресен чиј процент на доселени изнесува 4,7% од вкупното население во оваа општина, или 770 од 16.257 (просечен број на жители во анализираниот период). По неа следува општина Центар со 3,8%, или 1.741 од 45.412 жители. Од општините во Скопје следна е Кисела Вода со 3,5% или 1.983 од 57.236 жители.