Еден од начините преку кои може да се мерат состојбите во културата е преку анализа на бројот на книги, библиотеки, театри, кина, како и бројот на нивни посетители.

 

Според податоците на Право да знаеш, преземени од Државниот завод за статистика, кои се однесуваат на периодот 1986-2013, бројот на народни библиотеки бележи константно опаѓање. Имено од 138 библиотеки во 1986 г., бројот опаднал на само 61 библиотека во 2013 г. или во проценти, намалувањето е 55,8%.

 

 

Сепак, и покрај намалувањето на библиотеките, книжниот фонд во овој период се зголемил од 2.420.000 на 3.177.000 примероци.

 

Кај театрите, пак, се забележува обратен тренд. Иако бројот на театри расте, бројот на посетители во театрите се намалува. 

 

  

Бројот на посетители во театрите бележи стабилен тренд на опаѓање, со исклучок на 2011 г. 

 

 

Кај кината и нивните посетители исто така се забележуваат интересни трендови. Бројот на кината константно и драстично се намалува, од 79 во 1986 на само 12 во 2013 г.

 

 

Бројот на посетители во кината бележи исто така драстичен пад, кој се стабилизира во 1991.

 

 

 По 1991 бројот на кино-посетители флуктуира, при што е најнизок во периодот 2005-2011, а од 2011 бележи значителен раст.

 

 

Бројот на издадени книги и брошури исто така флуктуира, при што е највисок во 2006 г., потоа драстично опаѓа до 2010 г., расте до 2012 г. и во 2013 г. повторно опаѓа.

 

 

Додека бројот на издадени книги и брошури останува скоро непроменет во овој период, тиражот на издадените книги и брошури е во константно опаѓање, со мали флуктуации во поединечни години. Највисок е во 1986 кога имало издадено 4.083.000 примероци, а најнизок во 2009, со издадени 483.000 примероци.

 

.

Share
Scroll to top