Згрижувањето на деца од предучилишна возраст е дел од дејностите од областа на социјалната заштита кои се во надлежност на општина Струга.

Детските градинки  „Сонце“ и „Пеперутка“ се најголемите  објекти  за згрижување на деца од предучилишна возраст во општина Струга, градинката „Сонце“ е изграден во 1984 год и е со површина на објект од 1526 м2 а вториот објект градинката „Пеперутка“ е изграден во 1975 со површина на објект од 1221 м2 . Од нивното пуштање во употреба до овој момент не се реализирани капитални инвестиции со кои би се зголемил капацитетот на градинките и можноста за прием на повеќе корисници.

Капацитет на градинката „Пеперутка“ 140 Деца

Капацитет на градинка „Сонце“170 деца

Во општина Струга постои уште еден објект градинката „8-ми Март“ кој до 2007 се користеше за згрижување деца од предучилишна возраст, а после 2007 со договор е даден на користење на Музичкото Училиште „Тодор Скалосвски -Тетоец “ – Тетово за диспензираните паралелки во Струга. Објектот има 532 м2 со 4 занимални и во него можат да бидат сместени околу 120 деца. Договорот за користење е со важност до 2020 година.

Во 2016 година во градинките  „ Сонце“ запишани се 254 деца (капацитет има за 170 деца), во градинката „Пеперутка“ запишани се 216 деца (капацитет има за 140 деца).[1]

Или вкупно во двете градинки згрижуваат  470 деца.

„Ако го земеме предвид фактот дека вкупниот капацитет на објектите на градинката е 310 деца и дека има 4036 деца на предучилишна возраст во општината, можеме да заклучиме дека постоечките капацитети опфаќаат само околу 8% од децата на предучилишна возраст. Тоа е многу ниска бројка споредено и со националниот просек (26% од децата се запишани во предучилишна настава), а многу е далеку од целта на ЕУ од 95%. Оваа ситуација може да има потенцијални негативни ефекти врз децата од посиромашните семејства и нивните перспективи подоцна во животот. Во научната литература се докажани придобивките од образованието на рана возраст, особено за деца од маргинализирани и ранливи заедници, како и на тие кои припаѓаат на малцински заедници.“ [2]

„Ако го следиме бројот на деца запишани во детските градинки во општина Струга во последните пет години, може да се забележи тренд на зголемување на таа бројка, односно споредено со 2010, во 2014 година таа бројка е зголемена за дури 40%. Бројот на вработените е зголемен исто така (17%), но мора да се напомене дека тоа зголемување е несразмерно помало во однос на зголемениот број на згрижени деца.“ [3]

 

Табела бр 1: Деца и вработени во установи за згрижување и воспитание - детски градинки по пол и години, во општина Струга

 

 

Деца

Вработени

Вкупно

Женски

Машки

Вкупно

Жени

Мажи

2010

299

148

151

47

40

7

2011

367

166

201

54

47

7

2012

369

193

176

64

56

8

2013

416

208

208

55

49

6

2014

425

204

221

55

49

6

2015

505

248

257

57

49

8

Извор: Државен завод за статистика,

http://makstat.stat.gov.mk/PXWeb/pxweb/mk/MakStat/MakStat__SosijalnaStat__DetsakZastita/175_DetZas_Op_DecVraDetGrad_mk.px/?rxid=46ee0f64-2992-4b45-a2d9-cb4e5f7ec5ef

 

Во Двете градинки во 2016 година во работен однос се  13 воспитувачки и 24 негувателки кои згрижуваат 470 деца. [4] Според тоа просечниот број на деца по воспитувач/неговател за 2016 година изнесува  12.7

Преку 180 деца се ставени на листа за чекање за прием во некоја од градинките. На листа на чекање има и деца од родители кои се во работен однос и не можат да обезбедат друг вид на згрижување освен градинката.  

Во текот на 2016 година општина Струга спроведува проект во рамките на програмата на „Општо корисна работа“ кој што е финансиран од страна на UNDP Македонија во соработка со Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување на Република Македонија. Проектот вклучува отворање на 5 центри за ран детски развој во рурални населени места на територија на општина Струга , ангажирање на 10 невработени лица нивна обука и ангажирање во центрите.

Вакви центри се отворени во селата : Велешта, Делогожда, Радолишта, Лабуништа и Драслајца.

Во овие центри згрижени се 220 деца од предучилишна возраст по 4 часа во текот на денот. ( 120 женски и 100 машки). За сместување на децата адаптирани се простории во основните училишта во населените места.   

Со реализација на овој проект се овозможува достапност на услуги од областа на социјалната и детската заштита за згрижување на деца во руралните средини. Исто така се растеретуваат и онака преполните капацитети на градинките во градот.   Ова е пилот проект кој досега даде одлични резултати и податоци за потребата за отворање на градинки во руралните места на општина Струга

Проектот од страна на донаторите ќе биде финансиран до 15 март 2015 година по што ќе продолжи да се  финансира со средства од буџетот на општина Струга до крајот на 2017 година со можност за понатамошно продолжување и постојано ангажирање на вклучените лица.

На 17 октомври 2016 година, во Општина Струга се одржа граѓански форум на кој учесниците имаа можност да гласаат за предложените проекти од акциските планови за образование, млади, социјална заштита и соработка со граѓанскиот сектор. Како приоритетен проект на форумот од страна на присутните беше изгласан проектот за набавка на типизирани монтажни контејнери за детската градинка од акцискиот план за социјална заштита. Целта на проектот е да помогне во решавање на проблемот од недостиг на простор за сместување на деца од предучилишна возраст Проектот ќе биде спроведен во првата половина на 2017 година.  Планиран буџет за реализација е 2.200.000,00 денари. Општина Струга и Фондацијата Отворено општество - Македонија учествуваат во кофинансирањето на одбраниот приоритетен проект во рамки на концептот „Општина по мерка на граѓаните“.

Со реализирањето на проектот ќе се добијат 4 нови простории за згрижување деца.

http://fosm.org.mk/mk/Home/NewsAndActivity?newsID=6175&catID=7&pageIndex=6&month=0&year=0&additionalID=0

 

Во 2015 година исто така на граѓанскиот форум приоритет од страна на граѓаните беше даден на реализација на проектот од акцискиот план за социјална заштита на Општина Струга, Замена на азбесниот коров на детската градинка „Сонце“ . Проектот е реализиран во текот на 2016 година и целосно е заменет и реконструиран кровот на градинката. Средствата за проектот исто така се

Обезбедени со кофинансирање помеѓу  Општина Струга и Фондацијата Отворено општество – Македонија во рамките на концептот „Општина по мерка на граѓаните“

http://fosm.org.mk/mk/Home/NewsAndActivity?newsID=5035&catID=7&pageIndex=19&month=0&year=0&additionalID=0

 

Граѓанските форуми во општина Струга ги спроведе Фондацијата за развој на локалната заедница - Штип со финансиска и логистичка поддршка од Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ), во рамки на концептот Општина по мерка на граѓаните кој ФООМ го реализира во партнерство со Општина Струга.

___________________________________________  

[1] Податок добиен од градинките

[2] „Социјална карта на општина Струга“ стр. 34

[3] „Социјална карта на општина Струга“ стр. 35

[4] Податок добиен од градинките

___________________________________________  

Анализата е изработена од Ѓоко Милески, здружение за развој на демократија и европски вредности Евро Форум - Струга

Содржината на оваа анализа е одговорност на МОСТ и не ги одразува секогаш погледите и ставовите на донаторите

 

 

Share
Scroll to top