Оризопроизводителството опфаќа 4 % вкупните површини од житни култури во Македонија. Оризопроизводителството е стационирано во Кочани, Виница, Чешиново-Облешево и Карбинци.

Проблемите на оризопроизводителите се присутни со години наназад, но се чини како минуваат годините истите се се поприсутни. 

Во 2014 година оризот се продавал по цена од 20 до 25 денари за килограм арпа, додека килограм бел ориз од 60 до 65 денари. Денес т.е во 2016 година цената за килограм арпа изнесува од 18 до 22 денари, односно од 30 до 35 денари за килограм бел ориз. Ваквата цена на оризот го осакатува земјоделецот.

Покрај најзастапените сорти ориз, санандреа, монтичели и кочански бисер, од 2013 година се  користат и т.н турски сорти на ориз, кои даваат поголем принос од постоечките, но нивниот квалитет и вкус за употреба е послаб за разлика од санандреата кој најмногу се користи во Кочанскиот регион. Но сепак оваа 2016 година веќе и на оваа сорта ориз т.е на турската сорта се намалува рандаманот односно приносот по лупењето на оризот бидејќи на производителот му се дава семе кое не е од прва реколта на оризопроизводство туку од втора или трета, а таа реколта на ориз е веќе загадена од т.н црвен ориз, со што автоматски приносот опаѓа. За ова земјоделците сметаат дека виновници се откупувачите бидејќи тие им ја набавуваат семенската роба на оризопроизводителите.

Субвенционирањето од Владата на РМ е присутно и понатаму, но оваа година за разлика од минатата, исплатата од 3000 денари по декар засеана површина ориз, годинава изнесува 700 денари по декар засеана површина.

Сепак голем проблем за земјоделците беше и каснењето при пуштањето на вода од Водостопанство Брегалница. Земјоделците имаат потреба од пуштање на вода во април или најдоцна почетокот на мај. Тие со години наназад  ја имаа водата крајот на мај или почетоткот до средината на јуни, со што беа принудени на жетва на зелен ориз кој не дава голем принос, со што земјоделците тонат. За разлика до минатите години, оваа 2016 година, Водостопанство склучи договор со земјоделците и водата беше пуштена на време, односно почетокот на мај месец.

Чистењето на канaлите како еден од од многуте проблеми на оризопроизводителите за разлика од 2014 година каде имавме излевање на речни корита, во 2016  каналите беа прочистени на одредени места, но сепак на одредени не беа бидејќи самите земјоделци прекопуваат и ги изместуваат јазовите од нивните првобитни  места, и сето тоа влијае на недоволен и неправилен начин на протек на водата.

Вештачките губрива и пестицидите  од минатите години придонесуваа на нивите, наместо ориз да се роди плевел, барем така велат оризопроизводителите од село Чешиново, а според нив виновни се новите увезени препарати кои ги купуваат од земјоделските аптеки. Надлежните органи апелираат да ги испитуваат истите, и покрај тоа што прскаат по четири пати против плевелот, сепак нема никаков ефект. Земјоделците сметаат дека прекупувачите на пестициди ги мешаат истите со вода, и резултатот е неуништување на црвениот ориз и намалување на приносот. Со тоа автоматски се покачува и трошокот на земјоделците  за ресурси за производство на оризот, бидејќи порано се прскало и по осум декари со еден килограм , а сега помалку од четири и постапката мора да ја повторуваат повеќепати. 

Оризопороизводителите бараат да се укине забраната на приватно купување пестициди од странство, за да бидат сигурни дека пестицидот е квалитетен и непомешан со вода.

Од институтот за ориз  велат дека иако цело време сугерираат за набавка на опрема како сушари и комбајни кои сламата  ќе ја заораат во почвата бидејќи истата е органска материја. Сепак такви комбајни сеуште нема, а народот продолжува да ја пали сламата на нивите со што дополнително ја загадува почвата. 

Земјоделците пак тврдат дека сушари има, но за истите треба да платат денар до два од килограм при жетвата на ориз со што дополнително се зголемува потрошувачката  и покрај ниската цена на ориз.

Земјоделците се жалат на тоа дека надлежните органи немаат никаква контрола врз комбајнерите. Без разлика дали се намалува или зголемува цената на нафтата тие продолжуваат да им наплатуваат 1000 денари од декар ожнеана оризова површина. Немаат оданочување бидејќи земјоделецот им плаќа во готово и автоматски и државата е во загуба, но и земјоделецот е оштетен бидејќи никако никој неможе да влијае на цената на комбајнерите. 

Институтот за ориз и оваа година потврди ниски рандамани на оризот.

За добар рандаман треба навремена сеидба, што оризопроизводителите во Македонија не ја прават, добра сорта и ѓубрење.  Проблемите во секој домен се присутни, освен промената оваа година во навремената сеидба. Во Македонија оризот се жнее кога ќе биде со исушена кора, а треба да се жнее со влага од 23% до 24%, но бидејќи немаме сушари рандаманот оди надолу. Голем проблем според институтот  е и  старата механизација, немањето на машини за жетва. Универзалните комбајни, а не употреба на специјализирани комбајни, исто така го намалуваат рандаманот бидејќи го кршат оризот при жетвата. Тој побара чесен однос меѓу производителите и преработувачите.

Проблемот со комбајните односно старата механизација  тапка во место, комбајнерите тврдат дека за набавка на нови им требаат многу финасиски средства. Државата ги субвенционира, но сепак првично тие мора да ја уплатат целата сума, а потоа им се враќа дел од сумата. За таква уплата немамат доволно средства, бидејќи со она што го заработуваат во текот на еден жетварски процес, едвај успеваат да имаат за живот и да ги поткрепат старите комбајни. Честопати ги чекаат и долги периоди, земјоделците за да си ги подмират долговите,  бидејќи и самите земјоделции чекаат на откуп и цена на оризот. Комбајнерите сметаат дека  се вртат во круг и најголеми виновници се откупувачките центри, кои исто така имаат проблем со старата опрема и немањето на хасап стандарди во фабриките.

Додека земјоделците тврдат дека кога го носат оризот во три фабрики, во сите три фабрики се покажува различен рандаман,  дури некогаш во првата фабрика имаат еден рандаман, си го носат оризот , повторно се враќаат покажува различен рандаман. Народот смета дека рандаманките во големите фабрики не се подесени се со цел да се направи кршење на оризот, со што земјоделецот автоматски е оштетен и откупувачот му нуди помала цена, што веќе претставува проблем.

Најнов проблем од оваа година е испитувањето на бактеролошката исправност на оризот, односно при секое биење на оризот, земјоделецот плаќа 1800 денари за да се утврди дали оризот не содржи во себе вештачки препарати и сл, но тоа испитување треба да го прават фабриките а не земјоделците. На овој начин пак им е зголемен трошокот за производство а  со цена од 18 до 23 денари по килограм арпа, и цена од 30 до 35 денари по килограм бел ориз навстина неможе да се покријат трошоците за производство со што  се очекува намалување на засеаните оризови површини. Уште поголем проблем е забраната  т.е ограничената количина на отуп на ориз годинава. 

Откупувачите во Кочанско за периодот од јануари до септември годинава откупиле 4267 тони оризова арпа и 2672 тони бел ориз, што е за 500 отсто повеќе од мината година, или 60 тони повеќе отколку цела година лани. Но од септември па наваму не сакаат да откупат ниту зрно. 

Ги прашавме зошто, о добивме одговор  дека од пред некое време на фабриките им е дозволено да откупат само педесет тони ориз, односно преработувачките центри имаат право да извезат, да пласираат само 50 тона ориз,  и со тоа автоматски  оризот на земјоделецот му е заробен во дворот, бидејќи преработувачките центри ги имаат исполнето барањата од 50 тона ориз, и не сакаат дополнително да откупуваат ориз бидејќи може да дојде до оштетување на истиот доколку го складираат во нивните магацини, кои како што напоменавме немаат хасап стандарди. Во Кочанскиот предел освен новата фабрика Левидиагро и фабриката ЕМА СТИЛ , од село Чешиново, останатите не ги поседуваат утврдените стандарди за откуп на оризот.  Голем проблем за ваквата разлика во откупената количина е и цената на оризот. Ланската година малопродажната цена на оризот изнесуваше од 50 до 70 денари, додека големопродажната надминуваше 40 денари за килограм бел ориз. Земјоделците задоволни од цената како и прекупивачите и успеваа да ги покријат трошоците а и да им остане, а прекопувачите остваруваа убав профит со таа разлика во цената. Со жетвата од новата реколта на ориз, цената на оризот падна на 30 до 35 големопродажна цена, на земјоделецот не му се исплати да го продаде оризот по таа цена, бидејќи на овој начин нема да успее да ги рефундира трошоците за истиот. 

Од 30.11.2016 година, во договор со заменик министерот Ванчо Костадиновски на средба со земјоделците во општина Чешиново- Облешево е утврдена цена на оризот 50 денари по килограм ориз, или од 18 до 25 за килограм арпа, во зависност од крупноста на зрното на оризот. 

Сепак ова не значи ништо. Како што напоменавме погоре, фабричките ги имаат наполнето магацините во претходните девет месеци со арпа и бел ориз, кој што дополнително треба да го пласираат. Сега фабриките не сакаат да откупуваат со образложение  дека поседуваат премногу ориз, но и се оправдуваат дека оводогинешнава суша на ориз даде арпа од која се добива подпросечно количество на бел ориз. 

Од целава ситуација се оштетени, земјоделците, комбајнерите и прекупувачите. 

Всушност, прекупувачите неможат да имаат постојан протек на ориз. Оризот им се заглавува во магацините, а бидејќи напоменавме дека немаат соодветни стандарди, истиот дополнително се оштетува.

 Земјоделците пак неможат да го продадат оризот. 

Субвенциите се добиваат врз основа на продаден ориз, што значи може и да не ги добијат на време истите. Немајќи пласман на оризот, се заглавуваат и земјоделските аптеки, поради што чекаат пестицидите и вештачките губрива да си ги наплатат од земјоделците. И комбајнерите се заглавени бидејќи и тие чекаат на наплата од земјоделците.

 

Целава ситуација изгледа како всушност и да нема решение. Високите функционери остануваат глуви на барањата на земјоделците. Кај земјоделците расте огорченоста, се делат меѓу себе, што е најлошо, бидејќи со поделба најмалку можат да ги остварат своите барања.

Share
Scroll to top