Доколку се анализира вкупниот број на запишани ученици во основните училишта во РМ во периодот 2007-2011, ќе се види дека истиот се намалил за 10,6%. Во 2007 биле запишани 222.359 ученици, додека пак во 2011 овој број се намалил на 198.856.

 

Ако се анализираат бројките на локално ниво се доаѓа до податокот дека 3-те општини во кои најмногу опаднал бројот на ученици се: Осломеј, Зајас и Другово. Во Осломеј бројот на ученици опаднал за 38,8%, во Зајас за 35,5%, додека во Другово процентот на опаѓање е 30,8%. Интересно е тоа што сите овие општини гравитираат кон општина Кичево и по локалните избори ќе бидат споени со оваа општина, заедно со општината Вранештица.

Во периодот 2007-2011, бројот на ученици е зголемен во само 4 општини, и тоа: Аеродром, Конче, Василево и Шуто Оризари. Сепак, процентот на пораст во овие општини е помал од процентот на намалување во претходните 3. Имено, во општина Аеродром бројот на ученици се зголемил за 9,9%, во Конче за 6,5%, во Василево за 4,4% и во Шуто Оризари за 1,6%.

 
Share
Scroll to top