Во 41 општина нема градинки!
Напишано од Administrator-
Родителска категорија: Macedonian
-
Категорија: Анализи
-
Објавено: 24 Јуни 2013
Вкупниот број на деца во градинките во периодот 2007-2012 бележи константен пораст и се зголемил од 20.564 деца во 2007-ма, на 26.885 деца во 2012-та, или за 30,7%
Доколку се анализираат податоците на ниво на општините, раст се забележува во сите општини кои имаат градинки, освен општина Демир Хисар каде бројот на деца е намален за 3,4%.
Во периодот 2007-2012 само во 3 општини во коишто дотогаш немало градинка се отвориле нови градинки, а тоа се општините: Вевчани, Демир Капија и Илинден. Од друга страна, во 41 општина нема градинки, што претставува приближно половина од вкупниот број на општини во РМ.
Во периодот 2007-2012 следниве општини имаат најголем раст во бројот на деца кои одат во градинка:
Следниве општини имаат најголем просечен број на деца по група во периодот 2007-2012:
Општина |
Просечен број на деца во група 2007-2012 |
Куманово |
25,7 |
Кочани |
24,4 |
Прилеп |
22,7 |
Најмал просечен број на деца по група во периодот 2007-2012 имаат општините: Берово, Демир Хисар и Крушево со околу 12-13 деца по група.
Ако го анализираме бројот на деца во градинките во однос на бројот на воспитувачи и негователи, резултатите покажуваат дека општини во кои е најмал просечниот број на деца по воспитувач/неговател се:
Дијаграм: општини во кои е најмал просечниот број на деца по воспитувач/неговател
Општина |
Просечен број на деца по воспитувач/неговател 2007-2012 |
Крушево |
6,2 |
Демир Хисар |
6,5 |
Свети Николе |
7,1 |
Спротивната крајност ја претставуваат општините со најголем просечен број на деца по воспитувач/неговател, при што предводи општина Вевчани со просечно 17,8 деца по воспитувач/неговател, а следат општините Делчево и Куманово со околу 12 деца по воспитувач/неговател.
-
Создадено: 14 Октомври 2013
-
Последно освежување: 14 Октомври 2013
-
Посети: 28897