Печати

Рејтинг на корисник: 0 / 5

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

Вкупниот број на деца во градинките во периодот 2007-2012 бележи константен пораст и се зголемил од 20.564 деца во 2007-ма, на 26.885 деца во 2012-та, или за 30,7%

Доколку се анализираат податоците на ниво на општините, раст се забележува во сите општини кои имаат градинки, освен општина Демир Хисар каде бројот на деца е намален за 3,4%.

Во периодот 2007-2012 само во 3 општини во коишто дотогаш немало градинка се отвориле нови градинки, а тоа се општините: Вевчани, Демир Капија и Илинден. Од друга страна, во 41 општина нема градинки, што претставува приближно половина од вкупниот број на општини во РМ.

Во периодот 2007-2012 следниве општини имаат најголем раст во бројот на деца кои одат во градинка:

 

Следниве општини имаат најголем просечен број на деца по група во периодот 2007-2012:

 

Општина

Просечен број на деца во група 2007-2012

Куманово

25,7

Кочани

24,4

Прилеп

22,7

 

Најмал просечен број на деца по група во периодот 2007-2012 имаат општините: Берово, Демир Хисар и Крушево со околу 12-13 деца по група.

Ако го анализираме бројот на деца во градинките во однос на бројот на воспитувачи и негователи, резултатите покажуваат дека општини во кои е најмал просечниот број на деца по воспитувач/неговател се:

Дијаграм: општини во кои е најмал просечниот број на деца по воспитувач/неговател

Општина

Просечен број на деца по воспитувач/неговател 2007-2012

Крушево

6,2

Демир Хисар

6,5

Свети Николе

7,1

Спротивната крајност ја претставуваат општините со најголем просечен број на деца по воспитувач/неговател, при што предводи општина Вевчани со просечно 17,8 деца по воспитувач/неговател, а следат општините Делчево и Куманово со околу 12 деца по воспитувач/неговател.