Анализи

Во Република Македонија, во глобала производството на лук во тони од 2007- 2015 година бележи раст.

Повеќе...

Ако се направи анализа на вкупниот број запишани студенти на високообразовните институции во Р Македонија во периодот од 2010 до 2014 година се доаѓа до заклучок дека бројот на запишани студенти во 2010 година бил најголем и изнесувал 63.250 студенти. Од нив најмногу, или 83,2% се запишани на државните високообразовни установи, додека 16,4% се запишани на приватните високообразовни установи. 

Повеќе...

Во периодот помеѓу 2007 и 2015 година, најголема површина земја од територијата на државата била засеана со пченица, проследена од јачменот и пченката.

Повеќе...

Еден од начините преку кои може да се мерат состојбите во културата е преку анализа на бројот на книги, библиотеки, театри, кина, како и бројот на нивни посетители.

 

Според податоците на Право да знаеш, преземени од Државниот завод за статистика, кои се однесуваат на периодот 1986-2013, бројот на народни библиотеки бележи константно опаѓање. Имено од 138 библиотеки во 1986 г., бројот опаднал на само 61 библиотека во 2013 г. или во проценти, намалувањето е 55,8%.

Повеќе...

Со процесот на децентрализација општините се здобија со повеќе надлежности, но исто така се зголемија и нивните извори на финансирање, што резултираше со пораст на буџетите на сите општини, во периодот 2005-2011. Доколку се анализира растот на буџетските приходи по глава на жител во периодот 2005-2011, од 38 општини кои доставиле податоци за pravodaznaes.mk за нивниот буџет во 2005 и 2011 г., предводат следниве општини:

Повеќе...

Вкупниот број на деца во градинките во периодот 2007-2012 бележи константен пораст и се зголемил од 20.564 деца во 2007-ма, на 26.885 деца во 2012-та, или за 30,7%

Повеќе...
Scroll to top