Печати

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на склучените бракови во 2015 година, во споредба со претходната година, е зголемен за 2.7 % и изнесува 14 186 склучени бракови. 

Најмногу бракови, 1 844 или 13.0%, се склучени во август, а најмалку, 702 или 4.9%, во март. Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 92.6% за жените и 91.2% за мажите. 

Во втор брак, со учество од 8.1%, и во трет брак, со учество 0.7% во вкупниот број склучени бракови, почесто стапуваат мажите. 

Просечната возраст при склучување прв брак е 26.2 години за невестата и 29.0 години за младоженецот. 

Бројот на разводите во 2015 година бележи намалување од 0.5 % во споредба со 2014 година и изнесува 2 200 разведени бракови. Најмалку бракови, 74 или 3.4%, во текот на годината, се разведени во август, а најмногу, 205 или 10.5%, во декември. 

Според траењето на бракот, најголем број разводи, 498, се случиле од 5 до 9 години по склучувањето на бракот.

 

Извор: Државен завод за статистика

Аназлиза за склучени бракови во Република Македонија