Според оценката на раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото, индикаторот на доверба во третото тримесечје од 2016 година е зголемен за 0.2 процентни поени во однос на претходното тримесечје, а за 2.2 процентни поени е зголемен во однос на истото тримесечје од 2015 година. 

Очекувањата за вкупните порачки (договори) за градежни работи се поповолни, а очекувањата за бројот на вработени се дека ќе се зголеми во наредните три месеци.


Оценката за економската состојба во третото тримесечје од 2016 е поповолна во однос на претходното тримесечје, а поповолна и во однос на третото тримесечје од 2015 година. Оценката за сегашната состојба со порачки (договори) на нивните деловни субјекти е понеповолна, а оценката за финансиската состојба е поповолна во споредба со претходното тримесечје.


Во наредниот период се очекува продажните цени да се намалат, a бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата во третото тримесечје од 2016 година се над нормалата.


Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност имаат следните фактори: зголемени трошоци за материјали со 21.0%, зголемени финансиски трошоци (камати) со 18.6%, конкуренција во сопствениот сектор со 14.7% и нема побарувачка со 11.1%.

Извор: Државен завод за статистика

Share
Scroll to top