Печати

Бројот на работниците во секторот рударство и вадење камен во септември 2016 година во споредба со септември 2015 година бележи пораст од 2,7 отсто.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари - септември 2016 година, во  споредба со јануари - септември 2015 година бележи раст од 0,5 проценти, објави Државниот завод за статистика. 

Според објавените податоци во септември годинава, во споредба со септември лани бројот на работници бележи намалување од 0,9 отсто.

Бројот на работниците во секторот рударство и вадење камен во септември 2016 година, во споредба со септември 2015 година бележи пораст од 2,7 отсто, во секторот преработувачка индустрија бележи опаѓање од 1,2 отсто, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 0,3 отсто.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во септември 2016 година, во  споредба со септември 2015 година бележи опаѓање кај нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,2 отсто, бележи пораст кај енергија за 2,4 отсто, интермедијарни производи, освен енергија за 0,7 отсто, капитални производи за 7 отсто и трајни производи за широка потрошувачка за 3,9 отсто.

Извор: Телеграф