Печати

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во трговијата на мало во третото тримесечје од 2016 година е зголемен за 0.5 процентни поени во однос на претходното тримесечје, а за 2.1 процентни поени е зголемен во однос на истото тримесечје од 2015 година.

Eкономската состојба на деловните субјекти во третото тримесечје од 2016 година е поповолна во однос на претходното тримесечје, а поповолна е и во однос на третото тримесечје од 2015 година. Се очекува дека ќе биде поповолна и во наредните две тримесечја. Количината на залихите е незначително намалена во однос на претходното тримесечје.

Финансиската состојба во третото тримесечје од 2016 година е поповолна во однос на второто тримесечје од 2016 година, а оценката за очекуваните порачки за наредниот период и очекувањата за бројот на вработените се дека ќе се зголемат.

Продажните цени во третото тримесечје од 2016 година се намалиле во однос на второто тримесечје од 2016 година, а очекувањата за продажните цени во наредните 3 месеци се дека ќе се намалат.

Најголемо влијание на ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на третото тримесечје од 2016 година имале: слабата побарувачка на купувачите со 22.2%, зголемената конкуренција со 19.9% и зголемената понуда на пазарот со 18.0%.

Извор: Државен завод за статистика