Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на пријавените полнолетни лица - познати сторители, во 2015 година, во споредба со 2014 година, е намален за 4.4%.

Во 2015 година, во споредба со 2014 година, бројот на осудените полнолетни лица е намален за 11.7%, а бројот на обвинетите лица, исто така, е намален за 12.8%.

Бројот на пријавени деца во судир со закон - сторители на кривични дела, во 2015 година, во споредба со претходната година, е намален за 20.6%.

Во 2015 година, во споредба со 2014 година, бројот на осудените деца во судир со закон - сторители на кривични дела е намален за 24.5%.

Извор: Државен завод за статистика

Анализа: Вкупно кривични дела сторени од малолетници

Share
Scroll to top