Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во октомври 2016 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот e на исто ниво, а кај аутпутот е намален за 4.3%.

Во октомври 2016 година, во споредба со октомври 2015 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 100.0, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 99.9.

Во делот аутпут, во октомври 2016 година, во споредба со октомври 2015 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 96.0, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 95.2.

Извор: Државен завод за статистика

Share
Scroll to top