Печати

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во септември 2016 година, во однос на септември 2015 година, изнесува 110.1.

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во септември 2016, во однос на септември 2015 година, бележи пораст од 1.1%, а прометот остварен на странските пазари бележи пораст од 12.6%.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2016 година, во однос на септември 2015 година, бележи пораст од 11.8%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 10.0%.

Според главните индустриски групи, прометот во септември 2016 година, во однос на септември 2015 година, бележи пораст кај Капитални производи за 34.1% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 20.9%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4.7% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.9%.

Индексот на прометот во индустријата во септември 2016 година, во однос на август 2016 година, изнесува 112.6, додека во периодот јануари-септември 2016 година, во однос на периодот јануари-септември 2015 година, изнесува 110.7.

Извор: Државен завод за статистика