Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во октомври 2016 година е непроменет во однос на претходниот месец и изнесува 16,9 проценти, а во однос на октомври 2015 година е зголемен за 4.7 процентни поени. 

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во октомври 2016, во однос на септември 2016 година, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се речиси на исто ниво како во претходниот месец, а залихите на готовите производи сe зголемени. 

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во октомври 2016 година е поповолна во споредба со претходниот месец, а многу поповолна во однос на октомври 2015 година. Оценката за бројот на вработени е дека ќе се намали. 

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во октомври 2016 година изнесува 65.8% од нормалното искористување. 

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 24.5%, недоволната домашна побарувачка со 20.4% и недостигот на квалификувана работна сила со 17.9%.

Извор: Државен завод за статистика

Share
Scroll to top