Печати

Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски за 0.5% на месечно ниво, а за 2.0% на годишно ниво.

Во септември 2016, во споредба со август 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 5.3%, а во секторот Преработувачка индустрија се на исто ниво.

Во септември 2016, во споредба со септември 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 5.8%, а во секторот Преработувачка индустрија за 1.6%.

Извор: Државен завод за статистика