Оптимистички тренд забележа статистика во поглед на браковите во земјaва.

Споредбено со 2014, во 2015 година бројот на склучени бракови пораснал за 2,7 отсто или во бројки 14.186 склучени брачни заедници.

За разлика од нив, пад од 0,5 отсто е забележан кај разводите. 2200

Најмногу бракови, 1 844 или 13,0 отсто, се склучени во август, а најмалку – 702 или 4,9 отсто во март.

Просечната возраст при склучување прв брак е 26,2 години за невестата и 29,0 години за младоженецот.

“За еден брак, според досегашните социолошки мерења, најкрични години се сметаат првите три, а потоа следната “брачна криза“ е на седмата година. Дури по овој период следува постабилен брак, во кој генерлано се смета дека има надминување на проблемите. Но, одржливоста на бракот, од социолошки аспект е детерминирана од повеќе фактори. За брачните партнери важна е психолошката состојба, економскиот статус и секако условите за достоинствен живот“ .

Според податоците, бракот во 2015/2014 година траел од пет до девет години.

Социолозите упатуваат дека  уште еден фактор кој влијае врз растот на бројот на разведени парови е еманципацијата на жената. Имено, според сите додегашни студии расте бројот на пријавени случаи на семејно насилство врз жените, што се толкува како резултат на охрабрувањето на жената да се соочи со проблемот но и да бара решение за него.

Анализа за склучени бракови 

Извор: Фактор.мк

Share
Scroll to top