Според последната процена на населението на Државниот завод за статистика (состојба на 31.12.2015), во Република Македонија има 2.071.278 жители, а според структурата по пол 50,1% се мажи, а 49,9% се жени.

Густината на населението изнесува 80,5 жители на 1 км2 . Најгусто населени се Скопскиот и Полошкиот регион. Во 2015, просечната возраст на населението изнесува 38.5 (мажите 37.6 години и жените 39.3 години). Во 2014, според очекуваното траење на животот, жените (77.4 години) живеат за 3.9 години подолго од мажите (73.5 години).

Извор: Е-Магазин

Share
Scroll to top