Печати

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во октомври 2016 година, во однос на октомври 2015 година, изнесува 96.4. 

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2016 година, во однос на октомври 2015 година, бележи опаѓање од 0.8%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 4.5%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 10.5%. 

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на тутунски производи, 

Производство на облека, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на метали и Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема. 

Според главните индустриски групи, производството во октомври 2016 година, во однос на октомври 2015 година, бележи пораст кај Енергија за 4.2%, Капитални производи за 18.3% и Трајни производи за широка потрошувачка за 73.8%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4.4% и 

Нетрајни производи за широка потрошувачка за 16.9%. 

Индексот на индустриското производство во периодот јануари-октомври 2016 година, во однос на периодот јануари-октомври 2015 година, изнесува 104.4.