Печати

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во октомври 2016 година, во однос на октомври 2015 година, изнесува 98.6.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2016 година, во однос на октомври 2015 година, бележи пораст од 3.2%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 1.8%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 0.6 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во октомври 2016 година, во однос на октомври 2015 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1.4% и 
Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.7%, додека пораст бележи кај Енергија за 3.1%, Капитални производи за 4.3% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 5.1%.

Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари - октомври 2016 година, во однос на периодот јануари - октомври 2015 година, изнесува 100.3.

Извор: Државен завод за статистика