Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во ноември 2016 година, во споредба со октомври 2016 година, остана на исто ниво.

Индексот на цените на угостителските услуги во ноември 2016 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0.4%.


Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари - ноември 2016 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 0.4%, додека во однос на декември 2015 година, е зголемен за 0.2%.

Share
Scroll to top