Новости

Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2016 година, стапката на слободни работни места изнесува 1.27%. 

Највисока стапка на слободни работни места има секторот Л - Административни и помошни услужни дејности и изнесува 2.72%, додека најмала е стапката во секторот Д - Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината, кај кои изнесува 0.21%. 

Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 1.74%. 

Југоисточниот регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.09%. 

Најголем број слободни работни места, односно 1729, има во петтата група на занимања - Работници во услужни дејности и продажба.

Извор: Државен завод за статистика

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во октомври 2016 година, во однос на октомври 2015 година, изнесува 98.6.

Повеќе...

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во октомври 2016 година, во споредба со октомври 2015 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 14.2%, а реално за 14.5%), Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 10.5%, а реално за 10.6%) и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 12.1%, а реално за 10.8%).

Извор: Државен завод за статистика

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во октомври 2016 година, во однос на октомври 2015 година, изнесува 96.4. 

Повеќе...

За 15 години драстично се намалил бројот на основци. 

Повеќе...

Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски за 0.1% на месечно ниво и за 0.2% на годишно ниво.

Повеќе...
Scroll to top