Новости

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во октомври 2016 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот e на исто ниво, а кај аутпутот е намален за 4.3%.

Повеќе...

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на пријавените полнолетни лица - познати сторители, во 2015 година, во споредба со 2014 година, е намален за 4.4%.

Во 2015 година, во споредба со 2014 година, бројот на осудените полнолетни лица е намален за 11.7%, а бројот на обвинетите лица, исто така, е намален за 12.8%.

Бројот на пријавени деца во судир со закон - сторители на кривични дела, во 2015 година, во споредба со претходната година, е намален за 20.6%.

Во 2015 година, во споредба со 2014 година, бројот на осудените деца во судир со закон - сторители на кривични дела е намален за 24.5%.

Извор: Државен завод за статистика

Анализа: Вкупно кривични дела сторени од малолетници

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во септември 2016 година изнесува 84 018, а бројот на ноќевањата изнесува 197 122. 

Повеќе...

Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември 2016 се издадени 297 одобренија за градење што е за 6.0% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Повеќе...

Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното производство на шумски производи во државните шуми во третото тримесечје од 2016 година, во однос на третото тримесечје од 2015 година, е зголемено за 1.7%.

Повеќе...

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во трговијата на мало во третото тримесечје од 2016 година е зголемен за 0.5 процентни поени во однос на претходното тримесечје, а за 2.1 процентни поени е зголемен во однос на истото тримесечје од 2015 година.

Повеќе...
Scroll to top