Новости

Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во третото тримесечје од 2016 година, во однос на третото тримесечје лани е зголемено за 1.7%.

Повеќе...

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2015 година, индивидуални сопственици извршиле градежни работи во вредност од 9 167 540 илјади денари.

Во текот на 2015 година се градени вкупно 2 022 објекта и завршени се вкупно 2 473 станови со вкупна површина од 261 771 м2, од коишто 155 се станови во викенд-куќи со вкупна површина од 12 524 м2.

Просечната корисна површина на завршените станови е 105.9 м2.

По региони, најмногу се градело во Скопскиот регион, потоа во Полошкиот, во Југозападниот итн.

Извор: Државен завод за статистика

Бројот на работниците во секторот рударство и вадење камен во септември 2016 година во споредба со септември 2015 година бележи пораст од 2,7 отсто.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари - септември 2016 година, во  споредба со јануари - септември 2015 година бележи раст од 0,5 проценти, објави Државниот завод за статистика. 

Според објавените податоци во септември годинава, во споредба со септември лани бројот на работници бележи намалување од 0,9 отсто.

Бројот на работниците во секторот рударство и вадење камен во септември 2016 година, во споредба со септември 2015 година бележи пораст од 2,7 отсто, во секторот преработувачка индустрија бележи опаѓање од 1,2 отсто, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 0,3 отсто.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во септември 2016 година, во  споредба со септември 2015 година бележи опаѓање кај нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,2 отсто, бележи пораст кај енергија за 2,4 отсто, интермедијарни производи, освен енергија за 0,7 отсто, капитални производи за 7 отсто и трајни производи за широка потрошувачка за 3,9 отсто.

Извор: Телеграф

Според денеска објавените индекси на прометот во секторот трговија на мало, освен трговија со горива во септември 2016 година, во споредба со септември лани, има номинално зголемување за 15,6 проценти, а реално за 15,5 отсто.

Прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун во септември 2016 година, во споредба со септември лани бележи номинално зголемување за 13,3 проценти, а реално за 13,8 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во секторот трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво во септември 2016 година, во споредба со септември лани се бележи номинално зголемување за 17,6 проценти, а реално за 17,6 отсто.

Според денеска објавените индекси на прометот во секторот трговија на мало, освен трговија со горива во септември 2016 година, во споредба со септември лани има номинално зголемување за 15,6 проценти, а реално за 15,5 отсто.

Извор: Телеграф

Според податоците на Државниот завод за статистика, на крајот од 2010 година се регистрирани 5 646 станови во државна сопственост што претставува намалување за 11 станови во однос на претходната година. Вкупната површина на становите е 284 739 м2, а просечната површина изнесува 50.4 м2.

Извор: Државен завод за статистика

Според оценката на раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото, индикаторот на доверба во третото тримесечје од 2016 година е зголемен за 0.2 процентни поени во однос на претходното тримесечје, а за 2.2 процентни поени е зголемен во однос на истото тримесечје од 2015 година. 

Очекувањата за вкупните порачки (договори) за градежни работи се поповолни, а очекувањата за бројот на вработени се дека ќе се зголеми во наредните три месеци.


Оценката за економската состојба во третото тримесечје од 2016 е поповолна во однос на претходното тримесечје, а поповолна и во однос на третото тримесечје од 2015 година. Оценката за сегашната состојба со порачки (договори) на нивните деловни субјекти е понеповолна, а оценката за финансиската состојба е поповолна во споредба со претходното тримесечје.


Во наредниот период се очекува продажните цени да се намалат, a бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата во третото тримесечје од 2016 година се над нормалата.


Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност имаат следните фактори: зголемени трошоци за материјали со 21.0%, зголемени финансиски трошоци (камати) со 18.6%, конкуренција во сопствениот сектор со 14.7% и нема побарувачка со 11.1%.

Извор: Државен завод за статистика

Scroll to top