Новости

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во октомври 2016 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.0, а индексот на цените на мало 99.7.
Индексот на трошоците на животот во октомври 2016 година е на исто ниво како во претходниот месец, но е забележано движење во подгрупите.
Пораст е забележан кај јајцата и свежиот и разладениот зеленчук освен компир за 1.1%, безалкохолните пијалаци за 0.4%, месото и млекото за 0.3%.


Во октомври 2016, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај туристичките пакет-аранжмани за 4.9%, обувките за 3.4%, гасот за домаќинствата за 2.9%, болничките услуги за 2.8%, текстилот за домаќинствата за 1.3%, течните горива за домаќинствата за 0.8%, течните горива и мазива за 0.7%, накитот и часовниците за 0.6%, мебелот за домаќинствата за 0.5%, облеката, малите електрични апарати за домаќинствата и лековите за 0.4%, големите електрични апарати за домаќинствата за 0.3% и игри, играчки и хоби за 0.2%.


Намалување на индексот на трошоците на животот во октомври 2016 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и разладеното овошје за 5.4%, другите пекарски производи за 1.7%, сувото овошје и јаткастите производи за 1.1%, замрзнатиот зеленчук освен компир за 0.8%, маслото и маснотиите за 0.7%, оризот за 0.5%, другите прехранбени производи за 0.4%, рибата и морските плодови за 0.3%.


Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај авионскиот превоз на патници за 17.6%, информатичката опрема за 2.4%, медицинските и парамедицинските услуги за 1.9%, средствата за чистење и одржување на станот за 1.6%, услугите и предметите за лична хигиена за 0.3%.


Индексот на трошоците на животот во октомври 2016 година, во споредба со октомври 2015 година, бележи пораст од 0.2%, а индексот на цените на мало бележи пораст од 0.5%.

Извор: Државен завод за статистика

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на склучените бракови во 2015 година, во споредба со претходната година, е зголемен за 2.7 % и изнесува 14 186 склучени бракови. 

Најмногу бракови, 1 844 или 13.0%, се склучени во август, а најмалку, 702 или 4.9%, во март. Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 92.6% за жените и 91.2% за мажите. 

Во втор брак, со учество од 8.1%, и во трет брак, со учество 0.7% во вкупниот број склучени бракови, почесто стапуваат мажите. 

Просечната возраст при склучување прв брак е 26.2 години за невестата и 29.0 години за младоженецот. 

Бројот на разводите во 2015 година бележи намалување од 0.5 % во споредба со 2014 година и изнесува 2 200 разведени бракови. Најмалку бракови, 74 или 3.4%, во текот на годината, се разведени во август, а најмногу, 205 или 10.5%, во декември. 

Според траењето на бракот, најголем број разводи, 498, се случиле од 5 до 9 години по склучувањето на бракот.

 

Извор: Државен завод за статистика

Аназлиза за склучени бракови во Република Македонија

За 14, 2 процента е намален бројот на дипломирани студенти на додипломски студии на високите стручни школи и факултетите, минатата година во споредба со 2014 година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Од вкупниот број дипломирани студенти, 79,5 проценти се редовни, а 20,5 проценти се вонредни студенти.

Од вкупниот број студенти, 40,9 проценти дипломирале во рок, а другите 59,1 процент по рокот.

Извор: Lokalno.mk

Анализа за запишани и дипломирани студенти

Пресметките на економските сметки во земјоделството, по постојани цени, се направени врз база на препораките дадени во Прирачникот за економски сметки во земјоделството и шумарството, ревизија 1.1. и според Европската регулатива за економски сметки во земјоделството 138/2004.

Повеќе...

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во октомври 2016 година, во споредба со септември 2016 година, остана на исто ниво.

Индексот на цените на угостителските услуги во октомври 2016 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0.4%.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари - октомври 2016 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 0.4%, додека во однос на декември 2015 година, е зголемен за 0.2%.

Извор: Државен завод за статистика

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-септември 2016 година, изнесува 195 857 543 илјади денари и бележи пораст од 6.1% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари-септември 2016 година, изнесува 274 167 433 илјади денари што е за 6.4% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. 
Трговскиот дефицит, во периодот јануари-септември 2016 година, изнесува 78 309 891 илјади денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-септември 2016, изнесува 71.4%.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивните легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.

Во периодот јануари-септември 2016 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република 
Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Бугарија.

 

Обем на размената, I-IX 2016

Покриеност на увозот со извоз

470 024 976 илјади денари

71.4 %

7 626 762 илјади евра

71.4 %

8 517 007 илјади САД долари

71.4 %

 

Стоковна размена изразена во евра и САД долари

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари- септември 2016 година, изнесува 3 178 115 илјади евра, и бележи пораст од 6.1% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 4 448 647 илјади евра што е за 6.3% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари- септември 2016 година, изнесува 1 270 533 илјади евра.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-септември 2016 година, изнесува 3 547 530 илјади САД долари и бележи пораст од 6.3% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 4 969 477 илјади САД долари што е за 6.8% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари- септември 2016 година, изнесува 1 421 947 илјади САД долари.

Извор: Државен завод за статистика

Scroll to top