Новости

Според податоците на Државниот завод за статистика , во III тримесечје од 2016 година активното население во Република Македонија брои 949 944 лица од кои вработени се 727 985, а 221 959 лица се невработени. 
Стапката на активност во овој период е 56.6, стапката на вработеност е 43.4, додека стапката на невработеност изнесува 23.4.

Извор: Државен завод за статистика

Според податоците на Државниот завод за статистика, во сезоната 2015/2016 година, вкупниот број на прикажани претстави во професионалните театри е зголемен за 9.5%, а бројот на посетителите е намален за 1.4% во однос на сезоната 2014/2015 година.

Повеќе...

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот и индексот на цените на мало во ноември 2016 година, во однос на претходниот месец, изнесува 99.8.

Повеќе...

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-октомври 2016 година, изнесува 219 292 570 илјади денари и бележи пораст од 5.8% во однос на истиот период од претходната година.

Повеќе...

Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување. Главни корисници на податоците за индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се градежните претпријатија, кои се повикуваат на движењето на трошоците во градежништвото во калкулациите при склучувањето на градежните договори.

Во третото тримесечје од 2016 година, во споредба со третото тримесечје од 2015 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се пониски за 2.3%, трошоците за материјали се пониски за 5.5%, а трошоците за вработените се повисоки за 5.9%.

Во третото тримесечје од 2016 година, во споредба со второто тримесечје од 2016 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се пониски за 0.2%, трошоците за материјали се пониски за 1.3%, а трошоците за вработените се повисоки за 2.5%.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во ноември 2016 година, во споредба со октомври 2016 година, остана на исто ниво.

Индексот на цените на угостителските услуги во ноември 2016 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0.4%.


Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари - ноември 2016 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 0.4%, додека во однос на декември 2015 година, е зголемен за 0.2%.

Scroll to top