Новости

Од почетокот на годинава заклучно со септември извозот на стоки од Македонија бележи раст од 6,3 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Повеќе...

Скопјани имаат највисоки плати и најдобар стандард, но и најголема продуктивност – македонската економија е сконцентрирана во главниот град.

Повеќе...

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во септември 2016 година, во споредба со септември 2015 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 13.3%, а реално за 13.8%), 
Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 17.6%, а реално за 17.6%) и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 15.6%, а реално за 15.5%).

Извор: Државен завод за статистика

Зошто во услови на добри земјоделски подрачја и погодна клима во нашата земја се намалува производството на пченица? Дали мелничарската индустрија е доведена пред колапс? Зошто мерките за домашно производство не дадоа ефект?

Зошто земјоделците постепено се откажуваат од одгледување на пченицата?

Македонија се соочува со драстичен пад на површините со пченица, а наедно има големо намалување и на производството. Површината под оваа култура во 1991 година била за околу 35 отсто поголема во однос на 2015 година, велат анализите на Државниот завод за статистика. Според статистичките податоци на ДЗС, производството на пченица во 2006 година било 293.326 тони, што значи дека речиси сме ги покривале домашните потреби.

Во 2013 година производството е намалено на 258.960 тони, со просечни приноси од 3.198 килограми по хектар. За увоз на жита и житни преработки во 2013 година се потрошиле над 73 илјади евра. Податоците на ДЗС покажуваат дека вкупната засеана површина со пченица во 2015 година изнесувала 73.979 хектари, вкупно ожнеаната површина била 73.060 хектари, а принос на пченица 2.754 килограми по хектар. Голем удел во намалувањето, како што велат упатените во овој сектор, имале и распадот на агрокомбинатите, расцепканоста на обработливите површини, несоодветното користење на семенскиот материјал и на ѓубривата…

 За да ја прочиташ цела вест кликни на следниот ЛИНК

Веста е превземена од Нова Македонија

Извор: Државен завод за статистика

 

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2016 година, 75.3% од домаќинствата имале пристап на интернет од дома, што е за шест процентни поени повеќе во споредба со истиот период од 2015 година. Учеството на домаќинствата со широкопојасен интернет во вкупниот број на домаќинства е зголемено од 69.0% во 2015 година на 74.7% во 2016 година. Речиси сите (99.2%) домаќинства со интернет-пристап имале широкопојасно (фиксно или мобилно) поврзување на интернет. 
Во првото тримесечје од 2016 година, од вкупното население на возраст од 15 до 74 години, интернет користеле 72%, а 61% го користеле секој ден или речиси секој ден. 
Мобилниот телефон или паметниот телефонот биле најкористени средства за пристап до интернет кај 81% од корисниците на интернет во овој период, а најмногу кај лицата на возраст од 15 до 24 години (92%). 77% од корисниците на интернет во овој период употребиле мобилен телефон или паметен телефон за пристап на интернет надвор од дома или од работа. 
19.3% од лицата кои кога било употребиле интернет, нарачале/купиле стоки или услуги преку интернет во последните 12 месеци, а мнозинството (55%) од нив купиле облека или спортска опрема. 
Речиси половината (49%) од корисниците на интернет во последните 12 месеци немаат дадено лични информации на интернет, додека најдавани лични информации онлајн се податоците за контакт (37%) и личните податоци како име, дата на раѓање, број на лична карта (33%).

Извор: Државен завод за статистика

Смртноста на новороденчињата е во благ пораст, особено ако се спореди со претходното тримесечје, кога биле регистрирани 53 смртни случаи.

Повеќе...
Scroll to top