Новости

Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Македонија, бројот на умрените лица е зголемен за 3.8% во однос на претходната година и изнесува 20 461 умренo лицe. Поголем број се од машки пол и тоа 10 562 или 51.6% од вкупно умрените лица.

Повеќе...

Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари-јуни 2016 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 2 583 557 илјади денари што е за 21.7% помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Во наведениот период, градежната оператива од Република Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 961 396 илјади денари што е за 11.0% помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Во истиот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Косово, Србија, Босна и Херцеговина и Германија додека на другите пазари е регистриран намален обем.

Вредносните податоци за периодот јануари-јуни 2016/2015 година се дадени врз база на паритетот 1 САД долар = 56.3744 денари.

Извор: Државен завод за статистика

Според податоците на Државниот завод за статистика, бруто-додадената вредност во земјоделството во 2014 година изнесува 50 610 милиони денари и во однос на 2013 година бележи номинален раст од 1.9%. Раст е забележан и кај земјоделската „деловна гранка“ од 1.2% во однос на 2013 година. 

Повеќе...

Според податоците на Државниот завод за статистика, во II тримесечје од 2016 година бројот на активното население во Република Македонија е 948 376 лица, од кои вработени се 720 674, а 227 702 лица се невработени. 

Повеќе...

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во мај 2015 година изнесува 82 084, а бројот на ноќевањата изнесува 170 943.

Повеќе...

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во јуни 2015 година, во споредба со мај 2015 година, е зголемен за 0.1%. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Храна за 0.1%.

Повеќе...
Scroll to top