Меѓународниот ден Право да Знаеш започна да се одбележува на 28 Септември 2002 година, кога оранизациите за слобода на информации од целиот свет се собраа во Софија, Бугарија, и ја создадоа Мрежата за застапување за слобода на информации, глобална коалиција која работи за промовирање на правото на пристап до информации за сите луѓе како и придобивките од отворени, транспарентни и одговорни влади.

Членовите на мрежата одлучија да го одбележат 28 Септември како начина да се споделат идеи, стратегии и успешни приказни за развојот на слободата на информациите и вистинско транспарентно владеење во земјите. 

Во 2015 година, Генералното Собрание на УНЕСКО го прогласи 28 Септември како "Меѓународен ден за универзален пристап до информации". 

Граѓанската асоцијација МОСТ почнувајќи од 2012 започна да го имплементира проектот „Право да знаеш“.

„Право да знаеш“ е проект кој има за цел да ги прикаже промените во Република Македонија преку истражување и споредување на тие промени во единиците на локалната самоуправа (ЕЛС) во текот на одреден временски период. Интернет страната користи демографски, изборни, социо-економски и специфични податоци за единиците на локалната самоуправа, кои се прибрани и прикажани како што е објаснето во Методологијата на прибирање и прикажување на податоците.

Share
Scroll to top