Печати

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во јуни 2015 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.0, а индексот на цените на мало 99.7.

Индексот на трошоците на животот во јуни 2015 година е на исто ниво како и претходниот месец, но е забележано движење во подгрупите. Пораст е забележан кај свежото овошје за 18.5%, сувото овошје за 4.0%, маслото и маснотиите за 3.1%, другите прехранбени производи за 1.3%, јајцата за 1.0%, рибата, конзервираната риба и алкохолните пијалаци за 0.2%.

Исто така, пораст на индексот на трошоците на животот е забележан и кај болничките услуги за 6.2%, услугите за сместување за 4.3%, информатичката опрема за 1.9%, течните горива за домаќинствата за 0.4% и електричните апарати-големи за 0.3%.

Намалување на индексот на трошоците на животот во јуни 2015 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот зеленчук за 8.6%, конзервираните месни производи за 0.7%, полутрајните колбасичарски производи за 0.6%, трајните колбасичарски производи за 0.5% и месото за 0.2%.

Во јуни, исто така, намалување на индексот на трошоците на животот е забележано и кај авионскиот превоз на патници за 7.4%, гасот за домаќинствата за 4.2%, цврстите горива за 1.2%, обувките за 0.6%, средствата за лична хигиена за 0.4%, мебелот и течните горива и мазива за 0.2%.

Индексот на трошоците на животот во јуни 2015 година, во споредба со јуни 2014 година, бележи пораст од 0.5%, а индексот на цените на мало бележи намалување од 0.6%.

Извор: Државен завод за статистика