Печати

Државниот завод за статистика објави колку бракови се склучени, колку разводи се случиле и колку деца се родиле во второто тримесечје од 2016 година.

Евидентирани се 5.559 живородени деца, што е за 2,8 отсто помалку од истиот период минатата година, додека намалување од 1,6 отсто е забалежано и во бројот на умрените лица во второто тримесечје и изнесува 4.777, а од нив 55 се умрени доенчиња. Природниот прираст изнесува 782 лица, што значи, за толку лица бројот на живородените деца е поголем од бројот на умрените лица. Во вториот квартал од годинава биле склучени 3.194 бракови, што е за 14,6 отсто помалку од лани. Во овој квартал се регистрирани и 279 разведени бракови.

Извор: Прес 24

Анализа за бројот на склучени бракови во Република Македонија