Според податоците на Државниот завод за статистика, од јануари 2016 година, широкопојасен пристап на интернет (преку фиксна или мобилна конекција) имале 93.8% од деловните субјекти со десет или повеќе вработени.

Пристап на интернет преку пренослив уред, употребувајќи мобилна телефонска мрежа (3G/4G) имале 69.3% од деловните субјекти. Ваков тип на мобилна поврзаност на интернет (преку преносливи уреди: notebook, laptop, smartphone, PDA phone итн.), за деловна намена, користеле 14% од вработените во деловните субјекти.

52.5% од деловните субјекти користеле социјални медиуми (пр., Facebook, LinkedIn, Twitter, Present.ly, YouTube, Flickr, Picassa, Wiki-алатки итн.), односно имале кориснички профил, сметка или лиценца за користење на одреден социјален медиум.

Околу 53% од деловните субјекти имале веб-страница или почетна страница, од нив, 83% на веб-страницата имале обезбедено опис на производите/услугите, ценовници, 59% имале наведено линкови/референци до нивните профили на социјалните медиуми, а 20% обезбедиле онлајн нарачување, резервирање.

Компјутерски услуги во облак (Cloud computing services), употребени преку интернет, купиле 6.9% од деловните субјекти.

Во 2015 година, 23.5% од деловните субјекти испратиле или примиле електронски фактури во формат соодветен за нивна автоматска обработка.

Во текот на 2015 година, 11.4% од деловните субјекти со 10 или повеќе вработени, имале е-трговија, односно купувале или продавале стоки или услуги преку компјутерски мрежи (преку веб или EDI), е-продажба реализирале 7.4%, а е-купувања имале 5.6% од деловните субјекти.

Извор: Државен завод за статистика

Share
Scroll to top