Печати

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во третото тримесечје од 2016 година, во споредба со истиот период од претходната година, е зголемен за 2.4% и изнесува 6 298 живородени деца.

Бројот на умрените лица во третото тримесечје од 2016 година бележи зголемување од 3.9% во споредба со истото тримесечје од 2015 година и изнесува 4 716 лицa.

Природниот прираст изнесува 1 582 лица, што значи, за толку лица бројот на живородените деца е поголем од бројот на умрените лица.

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 4.4% во споредба со истиот период од 2015 година и изнесува 4 288 бракови.

Во ова тримесечје од 2016 година се регистрирани 380 разведени бракови што претставува намалување од 10.2% во споредба со истиот период од 2015 година.

Извор: Државен завод за статистика