Печати

Намалување на природниот прираст на населението во споредба со претходните години регистрираше Државниот завод за статистика во третото тримесечје.

Од третиот квартал во 2010 година, прирастот за истиот период годинава е намален за 22 отсто. Според експертите главен фактор за ваквите состојби е пред се масовното иселување. 

„Ваквите појави кои се присутни во државата ,секако имаат големо влијание не само врз демографските и економските карактеристики за земјата. Тоа произлегува од фактот дека работоспособното население или на пазарот на трудот се појавува помал број на младо население кои би го замениле постарото кое ќе замине во пензија, или население кое заминува надвор или млади кои се невработени. На привиден начин се намалува невработеноста.“ - вели Дончо Герасимовски, поранешен директор на Државниот завод за статистика.

Најголема стапка на природен прираст има во Скопје, Тетово, Чаир и Сарај, додека највисока стапка на негативен тренд или повеќе починати од живородени има во Битола, Свети Николе и Берово. Негативен прираст е забележан во вкупно 30 општини. 

Скопје  729

Тетово  168

Чаир    193

Сарај   165

 

Телоп:

Битола   -53

Свети Николе -31

Берово   -22

Од 4716 починати, 49 се мртвородени. Статистиката бележи зголемување на умрените доенчиња на вкупно 90 во третото тримесечје, што е највисоко ниво како апсолутна бројка до сега. Она што е индикативно за социолозите е што бројот на живородени бележи намалување во споредба со годината кога е воведен додатокот за трето дете. Експертите сметаат дека ова укажува на неефикасност на владините политики.

„Родителскиот надоместок за трето дете веројатно е воведен во функцијата на зголемување на наталитетот во државата. Но, кога ќе ги погледнете демографските податоци, наталиетот не се зголемува“ - вели Маја Героска Митев, универзитетски професор.

Според економистите, за намалувањето на населението и негативните последици врз економијата говори и податокот од Народна банка на Република Македонија која во второто тримесечје регистрираше намалена активност на населението и намалена понуда на работна сила за 0,8 отсто.

 Извор: 24 Вести