Печати

Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски за 0.1% на месечно ниво и за 0.2% на годишно ниво.

Во октомври 2016, во споредба со септември 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Интермедијарни производи освен енергија за 0.2%, 

Енергија за 0.1%, Капитални производи за 0.1% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.1%, додека во групата Трајни производи за широка потрошувачка се останати на исто ниво.

Во октомври 2016, во споредба со октомври 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Интермедијарни производи освен енергија за 3.3% и во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.1%.

Извор: Државен завод за статистика