Според податоците на Државниот завод за статистика , во III тримесечје од 2016 година активното население во Република Македонија брои 949 944 лица од кои вработени се 727 985, а 221 959 лица се невработени. 
Стапката на активност во овој период е 56.6, стапката на вработеност е 43.4, додека стапката на невработеност изнесува 23.4.

Извор: Државен завод за статистика

Share
Scroll to top