Според податоците на Државниот завод за статистика, прометот во трговијата на големо по производи во 2015 година изнесува 164 260 717 илјади денари

По групи на производи, најголем промет од 26.8% е остварен во групата „Трговија на големо со цврсти, течни и гасовити горива и слични производи“, потоа во групата „Други на друго место неспомнати производи“ 9.1%, во групата „Трговија на големо со фармацевтски производи“ 9.0%, во групата „Трговија на големо со шеќер, чоколада и зашеќерени производи“ 4.3%, во групата „Tрговија на големо со други прехранбени производи неспомнати на друго место“ 3.8%, во групата „Трговија на големо со сокови, минерална вода, освежителни пијалаци и други безалкохолни пијалаци“3.4%, во групата „Трговија на големо со железна стока, цевки, уреди и опрема за водовод и централно греење“ 2.9%, во групата „Трговија на големо со парфеми и козметика“ 2.7%, во групата „Трговија на големо со алкохолни пијалаци“ 2.6% итн.

Гледано по производи, во рамките на групите со најголемо учество, поголем промет е остварен кај следниве производи: гасни масла, патнички возила, моторен бензин, лекови и медицински алкохол, козметички средства, компјутерски машини и нивни делови и прибор, мобилни телефони, пиво, итн.

Извор: Државен завод за статистика

Share
Scroll to top