Струга, 10. септември 2016 (ОХРИДПРЕС) – Капацитетот на градинката во Струга во двата објекти – „8-ми Март“ и „Сонце“ е пополнет до тој степен, што на децата кои се згрижени им е на располагање минимална квадратура, реагираат од Советот на родители.

Родителите велат дека во објектите на градинката нема проблеми со греењето, исто така се задоволни од квалитетот на исхраната, но најголемиот проблем од преисполнетост на капацитетите, ги загрижува максимално, како нив, така и самите вработени. Родителите додаваат дека законски, според нормативите, на четири квадрати треба да престојува едно дете, а во струшката градинка, на 32 квадрати, се згрижени 32 деца.

– Како градинка од нивна страна имаат направено сѐ што е во нивна можност. Но во објектите едноставно нема место за децата кои се веќе згрижени, а уште деца чекаат на листата за згрижување. Се „префрла топката“ од локална самоуправа на државно ниво, и затоа ние како родители ја покренавме оваа иницијатива малку поостро да реагираме, како ние можеме да им помогнеме на вработените и на самата градинка. Со еден збор, состојбата е катастрофална, нема доволно капацитети, а нема најава дали ќе има доградба на градинката. Учителките си заминуваат во пензија, нема нов кадар, една учителка е на 32 деца, кога таа ќе постигне сите да ги пресоблече, да ги воспитува, да обрне внимание на секое дете одделно, а да не зборуваме за простор за игра и занимални за децата, вели за Супер радио Надица Кочоска Мицоска, претседател на Советот на родители.

Директорот на градинката, Сашо Клечкароски, објаснува дека неколку месеци чекаат потврда и одговор од локалната самоуправа за било какво решение за проблемот со ограничените капацитети на градинката. Самата градинка како установа, има потреба и од нов воспитен и наставен кадар.

– Од локалната самоуправа немаме никаква потврда дали ќе има можност за некаква доградба. Не знаеме дали пратиле барање до министерството, велат дека чекаат одговор. Јас искрено се надевам дека ќе се најде баланс меѓу локалната самоуправа и министерството. Ние како установа колку што можеме правиме напори. И постојано бараме да се реши овој проблем. Засега 19 занимални редовно работат. Имаме потреба од нов воспитен кадар и од двете националности и за македонска група и за албанска. Дел од воспитувачките и учителките си одат во пензија, дел користат боледување, дали ќе се одобрат средства за да се прими нов кадар, не се знае. И тоа го поставуваме како барање и се надеваме во најскоро време да се реши состојбата, додава директорот Клечкароски.

Вработените во градинката, пак, дополнуваат дека поради преисполнетоста на капацитетите, нема место каде да се поставуваат креветчињата за децата, столчиња и играчки. Годинава се запишани 540 деца во градинката, а уште 200 деца од двете националности, чекаат на листата за следно згрижување. (Крај)

извор: ОхридПрес фото

Анализа за бројот на деца кои одат во градинки

Share

Youtube Видео

Општини со најголем буџет    

Повеќе видеа »

Facebook

 

Анализи

 

Анализи на објавените податоци на порталот

Повеќе анализи »

Вести

 

     Новости             

Повеќе »

Останати Анализи

 

Анализи од други граѓански организации

Повеќе »

Scroll to top