Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-октомври 2016 година, изнесува 219 292 570 илјади денари и бележи пораст од 5.8% во однос на истиот период од претходната година.

Вредноста на увезената стока, во периодот јануари-октомври 2016 година, изнесува 307 166 245 илјади денари, што е за 5.7% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. 

Трговскиот дефицит, во периодот јануари-октомври 2016 година, изнесува 87 873 675 илјади денари. 

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-октомври 2016, изнесува 71.4%. 

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија. 

Во периодот јануари-октомври 2016 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Бугарија.

Извор: Државен завод за статистика

 

Обем на размената, 01-10 2016 Покриеност на увозот со извоз
526 458 816 илјади денари 71.4 %
8 544 263 илјади евра 71.4 %
9 528 769 илјади САД долари 71.3 %

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари- октомври 2016 година, изнесува 3 559 094 илјади евра и бележи пораст од 5.8% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 4 985 169 илјади евра, што е за 5.6% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари- октомври 2016 година, изнесува 1 426 074 илјади евра. 

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-октомври 2016 година, изнесува 3 967 142 илјади САД долари и бележи пораст од 5.8% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 5 561 627 илјади САД долари, што е за 

5.8% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари- октомври 2016 година, изнесува 1 594 485 илјади САД долари.

Share

Youtube Videos

 Municipalities with the highest budget                        

More Videos »

Facebook

 

Analyses

 

Analyses of the published data on the portal

More Analyses »

News

 

           "Right to Know" NEWS          

More »

Other Analyses

 

Analyses of other civil society organizations

More »

Scroll to top