Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2016 се издадени 291 одобрение за градење што е за 10.7% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2 824 182 илјади денари што е за 44.1% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 187 (64.3%) се наменети за објекти од високоградба, 36 (12.4%) за објекти од нискоградба и 68 (23.3%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 291 објект, на 193 (66.3%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 98 (33.7%) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 675 станови со вкупна корисна површина од 52 163 м2.

Извор: Државен завод за статистика

Share

Youtube Videos

 Municipalities with the highest budget                        

More Videos »

Facebook

 

Analyses

 

Analyses of the published data on the portal

More Analyses »

News

 

           "Right to Know" NEWS          

More »

Other Analyses

 

Analyses of other civil society organizations

More »

Scroll to top