Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во третото тримесечје од 2016 година изнесува 2.4%. 

Во третото тримесечје од 2016, најголем пораст е забележан во секторите: К и Л- Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности од 10,9%; Ѓ – Градежништво од 10,3%; и Ѕ – Информации и комуникации од 5,6%. 

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во третото тримесечје од 2016 година, номинално расте за 5,3%, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 64,1%. 

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 13,3%, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 11,1%.

Извор: Државен завод за статистика

Share

Youtube Videos

 Municipalities with the highest budget                        

More Videos »

Facebook

 

Analyses

 

Analyses of the published data on the portal

More Analyses »

News

 

           "Right to Know" NEWS          

More »

Other Analyses

 

Analyses of other civil society organizations

More »

Scroll to top