Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во октомври 2016 година изнесува 69 412, а бројот на ноќевањата изнесува 155 719.

Бројот на туристите во октомври 2016 година, во однос на октомври 2015 година, е зголемен за 12.6%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 9.3%.

Бројот на домашните туристи во октомври 2016 година, во однос на октомври 2015 година, е зголемен за 12.3%, а бројот на странските туристи е зголемен за 12.8%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во октомври 2016 година, во однос на октомври 2015 година, е зголемен за 13.5%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 6.4%.

Во периодот јануари - октомври 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 5.0% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 5.3%, а кај странските има зголемување за 4.8%.

Во периодот јануари - октомври 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 2.7% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 3.7%, а кај странските има зголемување за 1.3%.

Извор: Државен завод за статистика

Share

Youtube Videos

 Municipalities with the highest budget                        

More Videos »

Facebook

 

Analyses

 

Analyses of the published data on the portal

More Analyses »

News

 

           "Right to Know" NEWS          

More »

Other Analyses

 

Analyses of other civil society organizations

More »

Scroll to top