Print

Според податоците на Државниот завод за статистика, во сезоната 2015/2016 година, вкупниот број на прикажани претстави во професионалните театри е зголемен за 9.5%, а бројот на посетителите е намален за 1.4% во однос на сезоната 2014/2015 година.

Просечниот број на посетители на една претстава изнесува 200.

Во периодот 2015/2016 година, во однос на периодот 2014/2015 година, бројот на прикажаните претстави во професионалните театри за деца и млади е зголемен за 2%, а бројот на посетителите е намален за 4%.

Бројот на прикажаните претстави во аматерските театри е зголемен за 59.5%, а вкупниот број на посетителите е зголемен за 57.5%.

Во периодот 2015/2016 година, во однос на периодот 2014/2015 година, бројот на концертите и бројот на посетителите на Филхармонијата е зголемен.

Кај професионалниот ансамбл на народни игри и песни, во периодот 2015/2016, во споредба со 2014/2015, е забележано зголемување на бројот на самостојните приредби (концерти), а зголемен е и бројот на посетителите.

Извор Државен завод за статистика