Print

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во септември 2016 година, во однос на септември 2015 година, изнесува 101.0.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Градежништво (9.6%), Земјоделство, шумарство и рибарство (7.2%) и Информации и комуникации (5.5%).

Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (3.3%), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (2.6%) и Административни и помошни услужни дејности (1.9%).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во септември 2016 изнесува 32 640 денари.

Во септември 2016 година, 1.2% од вработените во Република Македонија не примиле плата.