Добредојдовте на порталот Право да знаеш. Порталот содржи различни видови на информации и податоци за општините и регионите во Република Македонија, податоци на национално ниво, како и податоци од поединечни институции. Податоците се презентирани на два начина – временски, преку т.н. динамичен графикон и временско-географски, каде што се наоѓа мапата на Република Македонија.

 

                   

 

                                  временски                                                                               временско-географски

За да гледате и споредувате податоци во динамичниот графикон, прво го одбирате сегментот во кој сакате да следите податоци: национално ниво, општинско ниво, регионално ниво или податоци од институции.

 

Ќе ја објасниме постапката за следење на податоци на општинско ниво. Откако ќе кликнете на копчето „Општини“ се отвора подмени од кое што ја одбирате опцијата „Графикон“.

 

Потоа, на левата долна страна одбирате кои општини сакате да ги следите. Можете да ги одберете сите општини или само дел од општините кои сакате да ги споредувате. Со клик во квадратчето пред „Филтер на општини“ ги селектирате/деселектирате сите општини. Со клик во квадратчето пред името на секоја општина ја селектирате/деселектирате истата. Балончињата во графиконот ги претставуваат општините кои се одбрани, а нивната големина зависи од бројот на жители во соодветната општина.

  

Потоа, на горната лева страна, одбирате категорија на податоци која сакате да ја следите, на пример туризам. На истото место ќе ви се отворат соодветните поткатегории. Во овој случај има само една поткатегорија, број на туристи и број на ноќевања, па ја селектирате неа.  

Потоа одбирате категории на податоци кои сакате да ги споредувате, на пример вкупен број на туристи и број на домашни туристи. 

 

За да извршите споредба помеѓу двете категории треба да ги наместите на различна оска за споредба. На пример вкупен број на туристи го селектирате на x-оската,

 

додека пак другата категорија за споредба, број на домашни туристи, ја ставате на y-оската.

   

Откако ги одбравте двете категории, во долниот дел на екранот кликате на копчето плеј/пауза за да ја стартувате визуелизацијата. Балончињата се движат во зависност од промената на податоците за општините во текот на временскиот период. Визуелизацијата може да ја паузирате со клик на копчето плеј/пауза при што визуелизацијата застанува на онаа година каде што сте паузирале. Исто така, може и да ја регулирате брзината на прикажување, што се прави на скалата десно од копчето плеј/пауза.

 

Постапката е слична и за следење на податоци во останатите сегменти, освен за сегментот на податоци на национално ниво, каде се одбираат само категории, односно нема потреба да се одбираат општини или региони.

 

За податоците да ги споредувате временско-географски, во подменито што се појавува кога ќе кликнете на копчето “Општини”, кликате“Мапа“. 

 

Овде не е потребно да одбирате општини, зашто во овој начин на прикажување се користат податоците од сите општини. Од левата страна ги одбирате категориите на податоци што сакате да ги следите, исто како на динамичниот графикон, и повторно кликате на копчето “плеј” за стартување на визуелизацијата. Општините се обојуваат во различни бои во зависност од промените на податоците во текот на временскиот период.

 

Share
Scroll to top